Македонија се празни – Компаниите немаат кадар

Date:

Според последниот извештај на Светска банка за „Миграција и одлив на мозоци“ од 2019 година, Македонија во последниот период ја напуштиле 500.000 граѓани и државава се наоѓа помеѓу првите 20 земји во светот со најголема емиграција во странство.

Oдливот на мозоци предизвикува сериозни проблеми кај компаниите. Само во Прилеп 70% од компаниите се соочуваат со огромен недостиг на стручен кадар од различни профили. Според реализаторите на проектот ЕНТЕГ на италијанската НВО, COSV-подружница Прилеп, недостасува соработка помеѓу образовните институции, бизнис секторот, локалната и централната власт, како и продукцијата на стручни кадри од страна на средните училишта во согласност со побарувачката на пазарот на трудот. Потребно било и вклучување на Стопанската комора во креирање и носење на политиките во образовниот систем.

„ Потребна е служба за кариерно советување во средните училишта со цел учениците да се насочуваат врз основа на капацитетите и потребите на пазарот на трудот. Потреба од отворање на хабови, центри за поддршка на млади со цел обезбедување на услови за разменување на идеи, социјализација и поддршка на млади. Потреба уписните политики и бројот на ученици да се одредува на општинско ниво со цел да кореспондира со реалната ситуација и со потребите на пазарот на трудот, наместо како досега да бидат дефинирани од Mинистерство за образование и да не одговараат на реалната ситуација на терен“, истакна Дања Димовска-Микаровска, проектен менаџер од COSV -Прилеп.

Се препорачува и тоа дополнително да се промовираат бенефитите од дуалното образование за развојот на економијата и важноста од креирање на соодветни стручни кадри кои ќе одговараат на потребите на локалната економија.

„ Се препорачува до централно ниво, при креирање на оперативниот план за вработување, Министерство за труд и социјална политика да ги вклучува и локалните центри за вработување. Да се прилагодат условите за фирмите пропишани во оперативниот план за практикантска работа и да се предложи обезбедување на финансиски средства за менторите кои ги менторираат практикантите во склоп на извршувањето на практикантската работа во компаниите. Се препорачува до централно ниво, да се креира правна рамка која ќе предвиди обврзувачки клаузули за практикантите, како и други легислативни решенија кои ќе обезбедат поголема правичност и одговорност за работодавците и работниците во процесите на спроведување на практиканство, вработување, отказ и слично“, додаде Димовска.

Исто така било потребно Стопанската комора да утврди кои кадри им се потребни на компаниите и според тоа да се направи уписна политика во средните училишта. Додека пак наставните програми морале да ги одразуваат бараните вештини на 21 век.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВРСКИТЕ ПО КОПНО И ПО ВОДА СО БРОДОВИ МЕЃУ ЦРВЕНОТО МОРЕ, МЕДИТЕРАНОТ И РЕКАТА НИЛ (9)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Неизвршување на функцијата уставен судија се најавите за неприсуство...

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

За палење на македонското знаме на прославата на денот...

Мицкоски размислува за преземање на ЈСП од владата ако и натаму нема нафта

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема да набљудува...