Пластични лажички, чаши, вода во пластични шишиња мали шеќерчиња. Иако постојано се наложува овие производи да не се набавуваат сепак се постојано се присутни и се користат секојдневно. Од Центарот на Граѓански комуникации велат дека Македонија има закон според кои јавните набавки треба да бидат зелени и на тој начин да се помогне во борбата со климатските промени, но такви набавки нема. Според, анализите пак на Светска банка, земјава се соочува со сериозни последици од климатските промени, и поради тоа се потреби инвестиции. Пресметките се дека во следните две децении треба да се влошат околу 6 милијарди долари. Ако пак не се прилагодиме на зелената транзиција 66 илјади работници во земјава ќе бидат под ризик да ги загубат своите работни места.
-Да не се набавува шеќер во мали шеќерчиња туку во рефус да не набавува пластични лажици, да не набавува пластични чаши за една употреба, да не набавува вода во пластични шишиња туку во големи буриња и потоа да се става и да се пие. Исто така имаме одлука дека Владата да купува електрични возила од тогаш наваму не е купено ниту едно, туку повторно купија дизел возила за министрите и едно купено е од лотарија да го подарува. Се обидовме да најдеме и врска помеѓу зелените набавки и корупцијата, во смисла тие индустрии кои што пордаваат пластика кои што и сега продаваат производи кои што не се зелени тие ќе настојуваат што поолго и понатаму да продаваат. Значи тука има една поврзаност според нас, и секако да се изработи еден документ како да се прават зелени набавките, но она што е важно е дека треба да почнат да се набавуваат зелени набавки затоа што и индустријата така ќе се прилагоди. Ако ние како држават за една милијарда бараме зелени набавки и бизнсиот како таков ќе се прилагоди и ќе нуди такви производи, изјави Герман Филков, од Центарот за граѓански комуникации.