Од јануари до јуни, бројот на туристи е зголемен за 30,1 отсто, во однос на истиот перидо лани, а тоа се должи на зголемената бројка странски туристи од 46,8 отсто.

Покрај Охрид, одлични резултати од туристичката посетеност бележат Скопје (со раст од 16 отсто), Крушево, Дојран и Битола.

Водечки посетители ни се Турците, потоа Србите, Грците, Германците и Бугарите, а се очекуваат и кинески гости со олеснување на визната процедура

Со целогодишна исполнетост од 40 отсто на македонските хотели, Македонија може да ги задржи своите професионални угостителски кадри и наместо со страв да ја дочекува секоја туристичка сезона, ќе има доволно кадар да ги задоволи и најситните барања на гостите, сигурен е Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Целта, според него е до 2025 година да имаме повеќе од 45 илјади вработени во дејноста, а за тоа големо влијание имаат платите. Јаневски потсети дека од нешто над 18 илјади денари, сега просечната плата во секторот над просечната.

Ние не можеме да се мериме со земјите што имаат излез на море, но полека докажуваме дека и без море станавме атрактивна дестинација – поентираше Јаневски.