Ракометната женска репрезентација Европското првенство на плажа го заврши на 16-тата позиција откако денес избраничките на Златко Мојсовски и Ања Алтхаус испуштија победа против Романија.

Романките беа подобри од нашите ракометарки со 2:1 во сетови по изведувањето на пенали. Македонија со гол во последните секунди дојде до 16.14 и освојување на првиот сет. Беа подобри македонските ракометарки и во вториот во кој почесто водеа, меѓутоа во финишот како да дојде до опуштање.

По водството од 10:6, романските ракометарки постигнаа четири поени, а ние еден. Македонија така имаше напад за победа при предност од 11:10, но голманката Амра Терзиќ која се обиде од гол на гол не реализираше. Таквото промашување го казнија ривалките и со 11:12 го освоија сетот.

Во доигрувањето и пенал завршницата Романија беше подобра со 8:3 за пласман на 15-тата позиција. Ана Марија Божиновска и Теодора Гулицоска беа најефикасните кај нас денес со по осум гола.