Македонија на штрек по нападот на вахабист во регионот

Date:

Македонија со внимание ги следи случувањата во регионот, каде изминатиот период има закани од терористички напади поврзани со вахабисти. По веста дека саморадикализиран припадник на вахабистите пред неколку дена извршил напад пред израелската амбасада во Белград, кој тамошните власти го окарактеризираа како терористички, безбедносни експерти за ДВ посочуваат дека со ова само се потврдува дека никој не е изземен од опасноста која што демне во Европа.

„Сега за сега во Македонија нема некои посериозни испади за коишто би рекле дека треба да се обрне особено внимание. Но, следиме што се случува во Србија. Како координатор често на регионалните средби посочував дека Западен Балкан не е изземен од заканата за тероризам. Можност секогаш постои. Никогаш не може да се рече дека нема можности. Има, но треба да се биде на штрек постојано“, вели за ДВ националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Златко Апостолоски.

Според него, можности за извршување на терористички акт секогаш постојат. „Ниту една служба или држава, ниту еден безбедносен систем не може да каже дека 100 проценти не постои ризик од извршување на терористички напад. Секогаш постои. Шансите се 50-50. Колку што се големи шансите службите да го откријат обидот за терористички напад и да го спречат, толкави се и шансите некој да го изврши. Тука нема правила на игра“, вели соговорникот на ДВ.

Проценките се дека од Македонија на странските боишта заминале над 156 лица. Во земјата се вратиле 83. На дел од нив им се изречени затворски казни. Поради војната меѓу Израел и Хамас, лани степенот на ризик од можни терористички напади во земјата беше променет од ниско на средно ниво. Иако пораката на надлежните е дека граѓаните засега треба да се чувствуваат безбедно, нема гаранција дека работите не би можеле да се променат.

Во извештајот подготвен за Европската комисија „Справување со жените повратници на Западен Балкан“ објавен во 2022 година, се наведува дека напорите за репатријација во Македонија на лицата кои заминале во Сирија и Ирак започнале во 2018 година, кога се вратени седум лица. Потоа продолжија со репатријација на 3 жени во 2019 година, додека во 2021 година се вратени 5 жени,14 деца и четворица мажи.

Врз база на податоците од Министерството за труд и социјална политика, коешто е надлежно за спроведување на програмите за ресоцијализација и реинтеграција на повратниците од боиштата на Блискиот Исток, Апостолоски вели дека досега 54 мажи, жени и деца се вклучени во овој процес во Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Охрид со убедлива предност патува на гостувањето во Добој

Македонскиот претставник Охрид со убедлива предност ќе патува на...

Пињето Братен прв бразилски победник во Светскиот куп

Спектакл донесе првиот слалом во новата сезона, одржан во...

Најмалку 13 лица повредени за време на автомобилска трка во Австралија

На автомобиска трка во источниот дел на Австралија, во...

Бурата Клаудија усмрти три лица во Португалија, а предизвика поплави во Велика Британија

Три лица загинаа, а десетици се повредени во бурата...