МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ГО ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО И ДА ГИ ВКЛУЧИ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, ВЕЛИ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

Date:

Европската комисија го пофали целосното усогласување на Македонија со надворешната политика на Европска Унија, но предупреди дека преговорите за пристапување остануваат блокирани сè додека таа не го исполни своето ветување од 2022 за вклучување на Бугарите и другите групи во својот устав, стои во нацрт-заклучоците од новиот извешај за проширување, што ќе биде објавен денеска.

Како што објави „Јуроњуз“, извештајот, исто така, ја нагласи потребата од натамошен напредок во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата.

Во разговор со „Јуроњуз“ во април, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази фрустрација што Македонија ги променила своите знаме, валута и име за ветувањата на ЕУ, но тие продолжуваат да се менуваат со нови услови.

„Без сомнение, кај минатите влади имаше недостаток на исполнување на некои прашања. Но, она што исто така е факт е дека ние сме жртва на премногу билатерализација на процесот на ЕУ“, кажа Муцунски.

Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, но досега нема отворено ниедно поглавје во преговорите.

Наспроти Македонија, Брисел ќе го пофали напредокот на Црна Гора и Албанија, кои би можеле да ги завршат пристапните преговори во 2026, односно 2027 и да станат членки до крајот на деценијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...