МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ПЕТТЕ ЕКС-ЈУ ЗЕМЈИ КОИ ЗАЕДНО ЌЕ ЛАНСИРААТ САТЕЛИТ

Date:

Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора треба заеднички да лансираат сателит до јуни во проект кој е координиран од Индиската вселенска агенција. Во мисијата ќе учествуваат и деца, ученици од целиот регион со свои цртежи кои ќе бидат зачувани во сателитот. Леталото треба да полета од Индија во чест на 75 години од независноста на оваа земја, пишува босански Аваз.

Сателитот ќе се вика СЕСА, што е кратенка на англиски за Вселенска асоцијација на Југоисточна Европа и е меѓу вкупно 75 сателити кои ќе бидат испратени во вселената во три ракети од кои секоја ќе носи по 25 сателити. Внатре во сателитот ќе има мал простор од 10 кубни сантиметри каде ќе може нешто да се складира.

– Тие цртежи ќе бидат зачувани во сателитот што ќе го испратиме од Индија, така што нашите малечки ќе бидат дел од вселенската програма. Акцијата заврши во БиХ, Србија и Црна Гора, а сè уште трае во Хрватска и Македонија – изјавил Анес Хаџиомеровиќ, претседател на Центарот за образование, роботика, иновации и технологија (ЦЕРИТ) од Мостар за босански Аваз.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...