МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НА ДНОТО – балканските земји имаат најмалку пари за трошење

Date:

Големи разлики меѓу земјите членки во Европската унија во расположливиот приход, уште поголеми разлики со земјите кандидати. Во последната анализа на „Евростат“, наречена „Нееднаквост на приходите низ Европа“, европскиот статистички центар се осврнува на приходите. Начинот на кој доходот се распределува низ општеството го одредува степенот до кој поединците имаат еднаков пристап до добрата и услугите произведени во рамките на националната економија.

Многу важна мерка за распределба на доходот, според „Евростат“ е просечниот еквивалентен расположлив доход (просечен расположлив приход) овде изразен по жител во стандардот за куповна моќ (PPS).

– Во 2021 година, просечниот расположлив приход беше 18.019 PPS по жител во ЕУ. Тоа значително се разликуваше во земјите-членки на ЕУ и се движеше од 32.132 PPS во Луксембург до 8.703 PPS во Романија. Највисоки нивоа на просечен расположлив приход се забележани во западните и нордиските земји-членки на ЕУ, особено во Луксембург (32.132 PPS), Холандија (24.560 PPS), Австрија (24.450 PPS) и Германија (23.401 PPS). Од друга страна, просечниот расположлив приход беше помал во повеќето јужни и источни земји-членки, особено во Романија (8.703 PPS), Бугарија (9.375 PPS), Грција (9.917 PPS) и Унгарија (9.982 PPS) – се наведува во анализата на „Евростат“.

Податоците објавени на веб страната на „Евростат“ покажуваат дека нашата земја, па и останатите во соседството кои се уште не се членки на унијата се меѓу земјите со најнизок расположлив приход. Од објавата се забележува дека меѓу земјите од Западен Балкан најнизок рапосложлив приход имаат жителите на Албанија (4.385 PPS), по што следува Македонија со (5.988 PPS), нешто подобри се Србија (6.602 PPS) и Црна Гора (6.861 PPS). Турција, уште една земја кандидат за членка на ЕУ исто така има сличен просечен расположлив приход (6.620 PPS).

Домашните експерти посочуваат дека стандардот на куповна моќ на „Евростат“ го утврдува просекот на куповната моќ во една земја и истакнуваат дека овој параметар ја покажува големата разлика меѓу земјите од Западот и Истокот.

– Податоците за стандардот на куповната моќ на поголемиот дел од земјите во Европа ја покажуваат драстичната разлика помеѓу Западот и Истокот на континентот. Оваа разлика не е надмината и покрај тоа што осум поранешни социјалистички земји веќе речиси дваесет години се членки на ЕУ. Тоа многу кажува во колкава мера е мит, пропаганда или празна надеж мислењето дека зачленувањето во ЕУ претставува влезна карта воклубот на привилегираните – вели економистот Здравко Савески.

Савески за „Фактор“ посочува оти нерамномерниот развој е нужен резултат од функционирањето на капитализмот, потенцирајќи дека истиот е вграден во капитализмот.
Благосостојбата во земјите од јадрото се темели врз држењето долу на земјите од периферијата. Тоа се прави преку нивна деиндустријализација, уништување на локалната конкуренција за да се претворат во пазари за сопствената индустрија, како и нивно претворање во извор на евтина работна сила, која исто така се увезува кога ќе се јави потреба кај домашната индустрија. Како што сме сведоци со најновата најава за увоз на работна сила од страна наГерманија. За да се промени соодносот на куповната моќ и благосостојбата меѓу привилегираните земји од јадрото и непривилегираните од периферијата мора да се изврши интервенција врз самото функционирање на капитализмот. А ако се продолжи да се полага вербата во „пазарот“, тој не само што нема да го промени соодносот, туку и ќе го влоши на штета на непривилегираните – потенцира Савески.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...