Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи го опишуваат младиот Јован Костадинов од Виница. Во моментите на хаос, страв, паника… 19 годишното момче успеало да влезе во дискотеката и да спаси 21 дете. За време на пожарот бил надвор, успеал да најде вода во близина, ја натопил маицата за да ја стави на лице и без двоумење влегол внатре преку споредна просторија за да спасува луѓе, стои во една од објавите.
И мајка на повредено дете јавно му се заблагодарува на Јован.
– Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот, напиша мајката на социјалните мрежи.
Многу граѓани кои го познаваат го опишуваат херојството на момчето кои го ризикувало сопствениот живот за да спаси туѓи и се молат за него да биде добар. Поради вдишување на чад е хоспитализиран на Токсикологија и е во стабилна состојба.
Министерот за здравство најави дека постхумно ќе биде одлукуван Иле Гоцевски, возачот на кочанската Брза помош кој почина на спиење ден по трагедијата, откако цела ноќ и утредента превезувал тешко повредени. Дури 11 пати возел од Кочани до Скопје.
– Вонредна состојба беше и тој ден, сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација возачот колку часови работел, меѓутоа дека направил огромна работа за превоз на пациентите, тоа е неспорно. Јас планирам како министер за здравство неговото семејство да го викнам и да го одликуваме. Нека помине оваа недела, планирам идната недела како министер да го одликувам постхумно, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Граѓани на социјалните мрежи повикуваат и младиот Јован да добие орден за храброст.