Според податоците на Државната агенција за статистика, во првиот квартал од 2024 година активното население во Република Македонија изнесува 788.909 лица, од кои вработени се 687.351, а невработени се 101.558.

Од активното население, 463.454 се мажи, додека 325.455 се жени.

Вработени се 399.162 мажи и 288.189 жени.

Невработени се 64.292 мажи и 37.266.

Стапката на активност во овој период е 52,1, стапката на вработеност е 45,4, додека стапката на невработеност е 12,9.

Инаку, неактивно население е 726.694 од кои 281.685 се мажи, а 445.009 се жени