Македонија има висока стапка на невработеност и сѐ поголем недостиг на работна сила

Date:

Натписи со барања за работници можете да се видат на многу излози на приватниот сектор.

Додека Министерството за економија и труд во наредниот период развива системски пристап за усогласување на понудата и побарувачката на работната сила на домашниот пазар, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) со порака дека недостигот на работна сила е резултат на ниските плати и злоупотреби од страна на газдите од Стопанската комора.

Токму за недостигот на работна сила на меѓународната конференција за труд беше речено дека кризата со работната сила може да се надмине само со систематски решенија преку трипартитен социјален дијалог. Според министерот за економија Бесар Дурмиши недостигот на работна сила најмногу се забележува во приватниот сектор.

На конференцијата присутни беа и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, како и директорката на МОТ за Централна и Источна Европа, Клер Харасти.

Според Трендафилов, недостигот на работна сила во земјава е резултат на ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора.

– Да не заборавиме дека недостасува работна сила во Македонија поради ниските плати и злоупотребите на газдите од Стопанската комора кои ги прават веќе 34 години. Поради ниските плати работниците заминуваат од Македонија во некои други држави и да градат други економии и мислам дека тоа треба да биде најголемиот пораз за овие газди. За потсетување, толку што сме продуктивни им створивме огромен капитал, огромни богатства, а тие ги покрадоа компаниите во минатото, ги задржаа за себе… Ако вие ги плаќате мизерно, вие може да очекувате дека тие имаат пари за билет во еден правец, а тоа е надвор од Македонија, рече Трендафилов.

Директорката на МОТ, Харасти, пак, посочи дека студијата опфаќа три главни области, односно искористување на неискористената работна сила, зголемување на продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и подобри услови за работа, како и миграција на работна сила за избрани сектори.

– Потребно е да се искористи неискористената работна сила, така што оние луѓе кои сè уште не се активно вклучени на пазарот на трудот, но би можеле да се вработат. Станува збор за жени со обврски за згрижување деца, млади луѓе кои не се вработени, лица со попреченост и исто така голем број постари работници кои се во најдени во ситуација да не се доволно вработливи, но би можеле да бидат вратени на пазарот на труд. Втората област на политики што треба да се разгледа е да се зголеми продуктивноста преку инвестирање во политиките за образование и вештини, како и во подобри услови за работа за да можеме да ги затвориме овие недостатоци. И третата област која може да биде дел од решението е миграција на работна сила за избрани сектори, избрани професии, добро регулирана и уредна миграција со правични практики за регрутирање, истакна Харасти.

Според Сојузот на синдикати, кај нас минимална плата земаат околу 25 илјади граѓани, додека до 22 илјади денари плата земаат околу 10 илјади работници. Според првиот човек на синдикатите, она што загрижува е фактот што сите овие работници примаат исплати во коверти за кои не се плаќаат придонеси и кои го оштетуваат буџетот за околу 250 милиони евра во однос на неплатените придонеси во фондот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...