Македонија е веројатно најспецифичниот случај во делот на евроинтеграциите

Date:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Варшава, пред состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки, на државите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија им ја повтори познатата позиција на Владата за интегративниот пат на земјата.

Според него, во рамките на ЕУ има обновен дух фокусиран на процесот на проширувањето, но она што треба да го видиме во пракса е затворање на јазот, кој постои во овој момент меѓу создадените очекувања и нивната реализација.

Посочи дека државата ќе остане посветена на реформите, на усогласување со законодавството на ЕУ, на Реформската агенда, што е составен дел од Планот за раст, но и дека се очекува Брисел, како и земјите членки да го исполнат ветувањето што е дадено пред многу години кон Западниот Балкан.

„Сè повеќе слушаме за јасна перспектива, што доаѓа и од новата Комисија, како и од земјите членки, но сега не е само време за зборови, туку и за реализација“, рече тој.

Според него, оваа година за нашата земја претставува отрезнувачки јубилеј – 20 години земја кандидат, што значи дека поминале 20 години како немаме отпочнато преговори за членство во Унијата.

„Македонија веројатно е најспецифичниот случај во делот на евроинтеграциите. Ако со некого се однесувале, би рекол, неправедно и со двојни стандарди, тоа е земјата што ја претставувам денеска тука“,кажа Муцунски.

За земјите кандидати за членство во ЕУ е значајно да работат заедно со државите членки, во создавање кохерентни и стратешки перспективи за предизвиците со кои се соочуваат.

„Претставувам земја кандидат која е 100 проценти усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика. Сметам дека одлуките ги носиме заеднички, како што и заеднички се справуваме со предизвиците“, вели министерот.

Посочи и дека мора да се види крајот на билатерализацијата на проширувањето во однос на земјите од Западен Балкан, додавајќи дека очекува јасен исход, оти ова е време не само на зборови, туку и на дела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...