Македонија доби „заштитена соба“ која ќе помогне и во надзорот над тајните служби

Date:

Во Собранието се пушти во употреба заштитената соба изградена од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, за комуникациите да останат доверливи.

Дизајнот на т.н. глува или тивка соба ги исполнуваа строгите безбедносни барања поставени и од НАТО и од Европската Унија, стои на страницата на македонското Собрание.

„Заштитената соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДЦАФ, таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни“, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши според кого заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието.

За Владо Ѓердовски, раководител канцеларијата на ДЦАФ – Женевски центар за управување со безбедносниот сектор во Скопје, оваа соба е многу повеќе од безбедносен објект.

Тоа е, како што нагласи, место каде што може да се водат критични и критички разговори, без страв од компромитација, обезбедувајќи одлуките за националната безбедност да се носат во средина на доверба и доверливост.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...