МАКЕДОНИЈА ВО 2023 ГОДИНА НАЈТЕШКО СЕ СПРАВУВАШЕ СО ИНФЛАЦИЈАТА

Date:

Македонија конечно се доближи до Европа според стапката на инфлација, откако во 2023 година најтешко се справуваше со инфлаторната спирала.

Според последните податоци од Заводот за статистика, инфлацијата мерена според трошоците на живот изнесува 3 насто во февруари, споредено со февруари 2023 година, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 насто.

Народната банка оценува дека нивото на инфлација сѐ уште е над историскиот просек. „Сигналите од анкетите за инфлациските очекувања на потрошувачите исто така се поволни, односно во февруари веќе преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период.

Остварувањата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат“, коментираат од НБРМ.

Во 2023 година, заедно со Србија и Хрватска, Македонија беше предводник во регионот, па и во Европа, со висока стапка на инфлација, тренд што дојде како постковид синдром, односно како последица од воените тензии и економската криза на глобално ниво.

Со стапка на инфлација од 5,7 насто на крајот од 2023 година, измерена од Меѓународниот монетарен фонд врз основа на потрошувачките цени, во регионот Македонија стоеше полошо само од Србија, со инфлација од 8,2 насто, и од Хрватска, со инфлација од 6,2 насто.

Кога ќе се земе предвид стапката на инфлација од дури 9,5 насто, измерена од Народната банка на Македонија како просечна инфлација во 2023 година, се добива уште полоша слика.

Другите држави во регионот уште во текот на 2023 година имаа поуспешни резултати кога станува збор за една од најтешките борби што ги водат монетарните власти, а тоа е инфлаторната спирала. Косово ја заврши 2023 година со стапка на инфлација од 1,5 насто, Босна и Херцеговина со 2,2 насто, а Грција со 2,9 насто. Во Албанија е измерена инфлација од 3,8 насто, во Црна Гора од 5,1 насто, во Бугарија од 4,7 насто. Во Европската Унија, најуспешна во борбата со инфлацијата е Италија, со измерена стапка од 1,1 насто. Германската економија уште се бори со неповолна инфлација, која на крајот од минатата година изнесуваше 4,1 насто, слично како и Франција, со измерени 4,0 насто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...