Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години обезбеди пласман во Топ 16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9-тото до 16-тото место.
Со овој успех, нашите кадети не само што го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, туку и изборија пласман и на следното младинско Европско првенство во 2028 година.
Македонската репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот.
Ако Македонија запише барем еден триумф на следните три меча, тогаш ќе се пласира и на СП за кадети во 2027 година.





