Македонец, тоа гордо звучи – главна порака на Македонисимо

Date:

Два концерти ден за ден до последно место исполнети и два часа настап на виртузони музичари што ги спојува љубовта кон македонското музичко културно наследство. Публиката во Филхармонијата уживаше во секој момент од македонската и балканска премиера на оркестарската верзија на веќе популарниот проект „Македонисимо“ на маестро Симон Трпчески и неговиот квинтет.

Ода на македонската култура и идентитет – тоа ни приреди Трпчески. Видно возбуден што е меѓу својата публика, претставувајќи го проектот по кој веќе и светот нè препознава.

Дел од композициите ги потсети на своите професори, меѓу кои на Томислав Зографски, ја потсети публиката на Горан Стефановски и важноста на тоа да се потсетуваме и да се сеќаваме на големите луѓе од земјава.

Оркестарот „Ајга“ стамено го водеше младата диригентка Ана Спасовска, а публиката одушевија сите солисти-гости. Трпчески одвојуваше убаво внимание на секој од нив, доближуајќи го до публиката. Тоа беа Александар Краповски, на виолина со своите емотивни изведби, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, гостинот од Бугарија, Александар Димитров, како и Влатко Нушев на удиралки и тапани. Меѓу гостите беше и виолинистот Владимир Крстев.

Синоќа, првоаплрилски, Краповски почна да диригира, Мамудов го замени симон на клавир, а тој пак свиреше на кларинет. Спасовска свиреше на виолина и сите заедно отсвиреа цела фраза. Звучеа одлично.

На публиката ù се поклони и композиторот Панде Шахов, чии нови читања на познатите македонски ора и песни не ја оставија рамнодушна публиката.

Едно е сигурно дека присуствувајќи на „Македонисимо“, беше гордост да си Македонец!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...