Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска е нападната во трговски центар во Скопје. Насилникот прво викал и и се дерел на Кацарска, а потоа и се приближил до масата покрај која седела со уште една жена.
Кога обезбедувањето проценило дека постои ризик за директен физички напад веднаш го отстраниле насилниот маж и повикале полиција која го привела во станица.
Од прес службата потврдија дека и овој напад е пријавен на надлежните органи.
Во станица како сведоци биле повикани и нападнатата претседателка на Уставниот суд и нејзината придружба.
Ова не е прва закана за Кацарска која пријави случај во средата, но е прв обид за физичка напад врз неа.
Од полицијата потврдија дека насилник од Богданци е приведен и ќе одговара за загрозување на сигурноста:
Полициски службеници од Полициската станица Центар во 14.00 часот го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје, Со зборовите “ќе одговараш, страшно ќе одговараш” Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, одговорија од МВР.