Мадона откри дека била во индуцирана кома 48 часа додека била хоспитализирана поради бактериска инфекција.
Пејачката (65) на концерт во Њујорк проговори за своето здравје. Обраќајќи им се на публиката, Мадона ја поздрави својата пријателка Шавон, велејќи: „Има некои многу важни луѓе овде вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница“.
“Не се ни сеќавам… Се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на ИЦИ… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шавон”, додала Мадона.
Потсетуваме, музичката дива летово заврши на интензивна нега, каде што беше интубиирана. Нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Осеари објави на Инстаграм во тоа време дека Мадона „развила сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега“. Пејачката на крајот ја одложи турнејата, која требаше да започне на 15 јули во Ванкувер, Канада, но ја заврши во октомври.