Кралицата на попот, 65 годишната Мадона и нејзиниот триесет и пет години помлад партнер, боксерскиот тренер Џош Попер, по една година ја прекинаа врската поради недостаток на време што можеа да си го посветат еден на друг.

За време на турнејата „Celebration“ на Мадона, која заврши на почетокот на мај, парот имал премалку можности да биде заедно поради нејзиниот напорен распоред, поради што тие морале да донесат важна одлука.

Извор близок до парот откри дека иако Мадона и Џош решиле да раскинат, нивната врска се уште е исполнета со љубов и почит.

„Навистина нема непријателство, тие сè уште се сакаат. Нивната врска не е одржлива во моментов и работите се заладија, но тие остануваат пријатели“, вели инсајдерот.

Врската на Мадона и Џош стана предмет на медиумско внимание кога кралицата на попот била видена како го бодри Попер на еден од неговите боксерски натпревари во Њујорк во март 2023 година. Двојката ја потврди својата романса неколку дена подоцна кога сподели видео на кое се бакнуваат , потврдувајќи ја нивната врска која го привлече вниманието на јавноста.

Пред Џош, Мадона беше во врска и со моделот Ендрју Дарнел (23) и танчерот Ахламалик Вилијамс (28), покажувајќи дека секогаш е подготвена да се отвори кон помладите партнери.