Мадона: Никој не сакаше да ми каже дека мајка ми умира, само ја гледав како се распаѓа

Date:

Мадона ѝ оддаде почит на својата мајка, која почина на 30-годишна возраст по битка со ракот на дојката, со емотивна објава за Денот на мајката.

Поп-ѕвездата на „Инстаграм“ се присети каква била битката на мајка ѝ со ракот кога била дете.

„Стоев на сцената гледајќи во прекрасното лице на мајка ми на 81. настап по ред. Секогаш се прашував што мисли додека ми мавташе од прозорецот на болницата“, напиша Мадона осврнувајќи се на нејзината концертна турнеја Celebration, во која ѝ одаде почит на мајка си.

„Влегов во автомобилот и ја затворив вратата не знаејќи дека последен пат ја гледам. Никој не ми кажа дека мајка ми умира… Само ја гледав како мистериозно се распаѓа и потоа исчезна и немаше објаснување, освен дека заспа“, напиша пејачката.

Мајката на Мадона, која го носи истото име како нејзината позната ќерка, починала во 1963 година кога поп-иконата имала 5 години. Во интервју за „Тајм“ во 1985 година Мадона рече дека се сеќава на мајка си „како ангелска личност, која простува и никогаш не жали“ и која се обидела да ги заштити своите деца од суровата реалност на нејзината болест.

„Се сеќавам и дека знаев оти долго време има рак на дојката, па беше многу слаба, но продолжи и ги правеше работите што требаше да ги прави“, изјави Мадона за „Тајм“. Смртта на мајка ѝ имаше големо влијание врз неа, што резултира со комплекс што ја натера да бара внимание, пишува „Ролинг стоун“ во 1991 година по интервју со неа.

„Таа замина, па јас ја свртев мојата потреба кон светот и реков: „Во ред, немам мајка да ме сака, тогаш ќе го натерам светот да ме сака“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...

Актер за снимањето на 18+ сцените со Натали Портман: Беше досадно

Актерот Чарлс Мелтон изјави за Variety дека процесот на...