Мадона доживеа незгода: Се струполи заедно со танчерот среде концерт

Date:

Кралицата на поп-музиката, Мадона доживеа незгода на последниот концерт во Сиетел, Сад. Имено, додека ја изведуваше кореографијата за песната „Open Your Heart“ таа падна од столот кој  го влечеше еден од танчерите.

На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се забележи како танчерот кој го држи столот на кој седи пејчаката губи рамнотежа поради високите потпетици и паѓа на сцената заедно со неа.

Но, поради тоа што го направи Мадони многумина велат дека уште еднаш докажа дека е вистински професионалец.

Пејачката брзо се сврте на стомакот и само се насмевна, додека член од тимот дојде да ѝ помогне да се качи на друг стол.

Таа го продолжи својот настап, но тивко изговори пцовка кога сфати дека погрешно седи на столот и веднаш се сврте. Пејачката  за кратко го заборави текстот, а откако се сети ја заврши песната како ништо да не се случило.

Откако снимката од незгодата излезе во јавноста, нејзините обожаватели има позитивни реакции за тоа како пејачката се снашла на сцената.

„Таа е голем професионалец… Сите нејзини напори да нè забавува…“ ; „Мора да ја сакате, таа е неверојатна“, беа дел од коментарите.

https://www.tiktok.com/@madonnaculture/video/7337273085290106118?embed_source=71929436%2C121374463%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_blank&refer=embed&referer_url=www.slobodenpecat.mk%2Fvideo-madona-dozhivea-nezgoda-se-strupoli-zaedno-so-tancherot-srede-koncert%2F&referer_video_id=7337273085290106118

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...