Магичните зборови на вардарецот Карачиќ ѝ донесоа на Хрватска – светско финале

Date:

Хрватска ќе игра во финалето на Светското првенство откако во спектакуларен натпревар синоќа ја совлада Франција (31-28) во загрепската „Арена“, за што клучен момент, според голманот Доминик Кузмановиќ, бил говорот на искусниот Игор Карачиќ во автобусот пред натпреварот.

Долгогодишниот ракометар на Вардар емотивно им порачал на соиграчите: „Луѓе мои, па ова денеска не можеме да го загубиме“. Иако првично не беше дел од репрезентацијата, Карачиќ беше повикан во тимот по повредата на Домагој Дувњак во второто коло. Искусниот 36-годишен играч е добро познат на македонската публика, откако беше дел од историските освојувања на Лигата на шампионите во 2017 и 2019 година од страна на црвено-црните од Скопје.

Хрватска го започна полуфиналето со доминантна игра, наметнувајќи темпо кое ѝ донесе убедлива предност од 18-9. Иако Франција се обиде да се врати, „коцкестите“ ја одржаа контролата и заслужено се радуваа на триумфот. По натпреварот, Кузмановиќ откри дека атмосферата пред мечот била полна со емоции, а зборовите на Карачиќ дополнително ги мотивирале играчите.

„Го сонувавме финалето и сега го остваривме нашиот сон. Луѓето во Карловац ни дадоа огромна поддршка, а ние знаевме дека не смееме да ги разочараме“, изјави феноменалниот голман.

Хрватска во големото неделно финале во Осло ќе се соочи со победникот од денешното второ полуфинале помеѓу Данска и Португалија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Грчката заедница во Австралија има проблем со името на фудбалскиот клуб „Престон Македонија“

Одлуката на ИП Австралија, австралиската владина агенција за интелектуалната...

Познати саатниците за мечевите од кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Македонската кошаркарска јавност од утре па до недела во...

Страстите зовреа, Дукуре и Џонс се степаа по дербито на Ливерпул

Големите градски дербија меѓу Евертон и Ливерпул секогаш носеле многу тензија, агресивна игра...

Муцунски се сретна со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...