ЛШ: Фудбалот е магија, приказната на Бодо е убавина! Интер доби нова лекција 

Date:

Норвешки Бодо/Глимт е сензацијата на плеј-оф рундата во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА. Норвежаните и вечерва успеаја да го совладаат Интер, овој пат на гостински терен со 1:2 и да им покажат на сите „неверници“ дека победата од 3:1 на домашен терен во првиот меч не беше воопшто случајна. Италијанскиот гигант и главен кандидат за Скудетото, се прости од Лигата на шампионите уште во оваа рунда, иако во двомечот со Бодо влезе како голем фаворит.

Гостите трпеливо ја чекаа својата шанса вечерва и со првите минути од вториот дел успеаја да направат силни контранапади кои донесоа резултат. Со голот на Хауге во 58. минута Бодо поведе, а кога Интер фрли се на една карта – напад, следуваше уште еден гол во мрежата на Зомер. Овој пат Евјен стрелаше прецизно во 72. минута.

Надежта на гостите ја врати за момент Бастони, кој по еден карамбол во гостинскиот шеснаесетник погоди за 1:2. До крајот Интер не успеа ниту да израмни, па Бодо со вкупни 2:5 оди во осминафиналето.

Таму се и Баер (Л) и Њукасл. Германците одиграа 0:0 против Олимпијакос на домашен терен и ја задржаа предноста од првиот меч од два гола разлика која ги носи во осминафиналето. Њукасл и вторпат беше подобар од Карабах, овој пат со 3:2.

Лига на шампиони – 1/16 финале – реванш

Атлетико Мадрид – Клуб Бриж    4:1 (3:3)

Баер Л. – Олимпијакос               0:0 (2:0)

Њукасл – Карабах                      3:2 (6:1)

Интер – Бодо-Глимт                    1:2 (1:3)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Палачинки со јаболки и цимет

Пробајте ја есенската верзија на палачинки со топол фил...

„Ју-Ту“ со нов сингл „The Greatest Show On Earth“ и првите датуми на светска турнеја

Калифорниска пустина, црно-бела слика. Четири маскирани мажи водат религиозна...

„БТС“ испиша музичка историја: првата група во светот со повеќе од 10 милијарди преслушувања на Спотифај за една година

Јужнокорејската музичка група „БТС“ испиша нова страница во музичката...

Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

Британскиот актер Мартин Фримен (55), познат по улогите во...