ЛШ: Ленс вечно ќе го памети дебаклот (1-9) од Комо, Сити славеше против Лајпциг, рутина на Арсенал, историја за Викинг

Date:

Комо приреди вистинска сензација во Лигата на шампионите, декласирајќи го Ленс среде Франција со неверојатни 1-9. Арсенал и Манчестер Сити исто така стигнаа до нови победи, додека Викинг испиша клупска историја со првиот триумф во елитното натпреварување.

Италијанците немаа милост кон францускиот вицешампион и уште во првото полувреме практично го решија прашањето на победникот. Дувикас двапати ја погоди мрежата за 0-2, а Нико Паз пред паузата ја зголеми предноста на три гола.

Во продолжението следуваше целосен распад на домашната одбрана. Да Куња и Кемп ја продолжија голеадата, Дувикас стигна до хет-трик во 57. минута, а Либерали во 62. минута зголеми на 0-7. Агилар само три минути подоцна го постигна единствениот гол за Ленс, но Комо продолжи со немилосрдниот напад. Батурина погоди за 1-8, а Папачоли во судиското продолжение ги постави конечните 1-9.

Арсенал ја продолжи победничката серија со триумф од 1-2 на гостувањето кај Славија Прага. Лондонскиот тим ја заврши работата во првите 45 минути, кога Мадуеке во деветтата минута донесе водство, а Ѓокереш во 38. минута зголеми на 0-2.

„Топчиите“ во второто полувреме рутински ја контролираа предноста, а домаќините до почесен погодок стигнаа дури во 90. минута преку Новак.

Манчестер Сити, пак, освои три бода на гостувањето кај Лајпциг, победувајќи со 2-3 во драматичен натпревар. Гостите поведоа во 37. минута со автоголот на Лукаба, по додавањето на О’Рајли.

Лајпциг се врати во игра на самиот почеток од вториот дел, кога Баку ја искористи лошата поставеност на Донарума и израмни на 1-1. Сепак, Сити повторно поведе во 58. минута преку Енцо Фернандез, кој реализираше со глава по центаршутот на Ендиаје.

Одговорот на домаќините беше експресен. Само три минути подоцна, Нуса ја искористи асистенцијата на Енкунку и донесе ново израмнување. Сепак, последниот збор го имаше Ерлинг Халанд. Елиот Андерсон направи одличен продор по десната страна и му сервираше идеална топка на Норвежанецот, кој погоди за конечни 2-3.

Лајпциг имаше можност да се спаси од пораз, но Раум во 80. минута од слободен удар ја погоди пречката. На спротивната страна, четири минути подоцна и Шерки ја затресе рамката од голот.

До историска вечер стигна и норвешкиот Викинг, кој го совлада Сабах со 4-1 и ја запиша првата победа во Лигата на шампионите.

Сабах прв поведе преку Ембина во 11. минута, но Ботхајм во 27. минута го врати резултатот на почеток. Клучниот период од натпреварот се случи во второто полувреме. Трипиќ најпрво не реализираше пенал во 69. минута, но веднаш потоа ја искористи одбиената топка и донесе пресврт.

Гостите дополнително си ја отежнаа ситуацијата кога Мекарти заработи директен црвен картон. Викинг ја искористи бројната предност, па Фалкнер по асистенцијата на Трипиќ во 81. минута зголеми на 3-1, а во самиот финиш го постигна и својот втор гол за конечни 4-1.

Борусија Дортмунд со 2-1 го победи Бетис, додека Порто беше убедлив против Наполи и славеше со 4-1. Клуб Бриж на гости го победи ПСВ со 1-2.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...