ЛШ: Атлетико слави на „Камп Ноу“, ПСЖ можеше и поубедливо против Ливерпул 

Date:

Европскиот шампион ПСЖ славеше со 2:0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Вечерва во Париз имаше само еден тим, ПСЖ и вистинско чудо е како на овој натпревар „црвените“ примија само два гола. Парижани, особено во второто полувреме, имаа најмалку уште три чисти шанси за трет погодок, но не успеаја да реализираарт ниту една.

Домашните поведоа со еден убав гол на Дуе во 11. минута, додека голот број два стигна во 65. минута кога Кваратсхелија се прошета во шеснаесетникот на Мамардашвили и на празен гол погоди за 2:0. За издвојување е што пред крајот во тимот на Ливерпул влезе Швеѓанецот Исак, кој по долгата пауза поради повреда ги одигра последните минути од мечот. На реваншот во Ливерпул, европскиот првак оди со комотна предност за полуфинале.

Атлетико (М) славеше со 2:0 на гостувањето кај Барселона во вториот вечерашен дуел од четвертфиналето. Каталонците имаа игра, се обидуваа да креираат шанси за гол, но дојде моментот од 44. минута кога Кубарси како последен фудбалер во одбраната го собори Симеоне, а судијата по асистенција на ВАР му покажа директен црвен картон. Од слободниот удар Алварез го донесе гостинскиот тим до водство од 0:1.

Во вториот дел Барса и со играч помалку притискаше, но не успеа да го совлада Мусо, иако имаше неколку одлични шанси за гол. Казната стигна во 70. минута кога Сорлот по едно одлично уфрлување ја смести толката во мрежата на домашните за конечни 0:2.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...

Здружение В’мбел Егеј: Не газете по достоинството на вашите предци!

Грција повлекува потег, кој во Македонија ги „остава без...

ЕНДИ БЕРНАМ СТАНА СЕДМИ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ

Поранешниот градоначалник на Манчестер, Енди Бернам, денеска стана нов...

МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАТРУЕНИОТ ВОДОВОД ВО ГОСТИВАР ТРЕБА ДА ПОНЕСАТ СИТЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАДОЛУ, КАЖА МИЦКОСКИ

Кривична одговорност за надлежните за загадувањето на водоводот во...