Научниците веруваат дека делумно тоа е така поради технолошкиот развој.

Бројни истражувања за човековата интелигенција покажуваат дека луѓето стануваат сè поглупави.

IQ тестовите спроведени со учество на неколку стотина илјади норвешки војници покажуваат дека резултатите повеќе не се зголемуваат туку покажуваат пад кај мажите родени по 1975 година.

„Особено во делот на речникот и математиката интелигенцијата почнува да опаѓа“, изјавил истражувачот Оле Рогеберг за шведската телевизија „SVT“.

Тој верува дека падот е предизвикан со факторите на животната средина повеќе отколку со гените и ги поврзува со времето кога калкулаторите станале вообичаени во училиштата.

„Тогаш знаењето да се реши математичка задача било само со помош на молив и хартија, а сега тоа не е така“, објаснил Регеберг.

Улф Даниелсон, професор на Универзитет изјавил дека се согласува со тоа дека луѓето стануваат сè поглупави.

Се верува дека тоа е така поради технолошкиот развој, пренесува Норвешката национална телевизија.

„Можно е да сме го достигнале врвот пред 20.000 години“, смета тој.

Даниелсон истакнува дека не е нужно развојот на цивилизацијата да се поклопува со тоа да стануваме попаметни.

„Не треба да „паметуваме“ во состав со компјутерите. Во таа смисла, глупавоста е начин на живот“, вели тој.

Филозофот Карим Јебари во истата програма објаснил дека општеството се сменило, додека IQ тестовите не се смениле многу во последните 100 години.

Тој верува дека луѓето по 1975 година станале помалку паметни од претходно.