Во Македонија корупција во име на ЕУ – ова е насловот на текст во престижниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг за состојбата во Македонија. Коруптивни зделки, скандали, лажни ветувања, сомнителни закони во полза на власта, ова се главните точки на разгледување во анализата на ФАЦ.
Луѓето во Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја, пишува авторот на текстот споменувајќи го како пример скандалот на Клиниката за онкологија и сомневањата за вмешаноста на министри, на поранешниот премиер Зоран Заев, директори на клиники…
ФАЦ пишува дека за Македонија не е невообичаено тоа што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за вакви скандали како случајот со Онкологија. Во текстот се наведува дека од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар.
Досега, пишува ФАЦ, формално е осомничена само една медицинска сестра, но сомнежот е дека таа не може да биде единствениот виновник.
Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина. Министерот за здравство поднесе оставка заедно Заев – пред јавно да се дознае за наводната измама, пишува ФАЦ.
Но не е само овој скандал опфатен во анализата на германскиот весник. Корупцијата која цвета насекаде низ државата, според ФАЦ не е искоренета.
Во насока за затскривање на корупцијата беа донесени и измени на кривичниот законик во Македонија, а со тоа се намалуваат казните, побрзо застаруваат делата, се брише членот 353 за злоупотреба на службената положба. За овие измени авторот на текстот вели дека иако шефот на државата можел да стави вето, сепак веднаш ги потпишал.
Корупција од името на ЕУ, констатира ФАЦ и пишува дека Актуелната влада го вее европското знаме, за да прикрива корупција.
Луѓето во Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја, пишува Германски ФАЦ
Date: