Жителите на еден станбен комплекс во Газиантеп со години предупредувале за слабата безбедност на нивните луксузни апартмани кои ги купиле за милионски суми. За време на разорниот земјотрес, животот го загубија 136 луѓе во зградата, која не го издржа земјотресот, иако станарите добиле уверение дека комплексот е граден според сите сеизмички стандарди, пишува Би Би Си.
Дел од преживеаните, без ништо, седат пред зградата и се топлат на огнот, чекајќи да ги извлечат нивните исчезнати семејства, кои се затрупани под урнатините во една од најскапите згради во најелитната улица на Газиантеп.
„Ова е една од најлуксузните станбени области во Газиантеп“, вели музичарот Јунус Емре, чиј братучед и неговото четиричлено семејство се исчезнати. „Тука живеат најбогатите. Тие станови се продаваат за милиони“.
Но, цената на имотот не значеше ништо кога се случи земјотресот.
“Јас сум само лут. Сакам да изведам некого пред лицето на правдата, но не знам кој”, вели 28-годишникот. За него, толку многу партии се виновни за она што не е само национална трагедија, туку, со уривањето на толку многу згради, национален скандал.
Според Емре, се започнува со изведувачот, кој користи неквалитетен градежен материјал, а потоа следува органот за овластување. Но, овој музичар смета дека изведувачот не смее да биде единственото жртвено јагне, напротив најодговорни се тие што ја одобриле зградата, заедно со влдата и државата. Смета дека не тгребало никогаш да биде потпишан овој градежен проект.
Апартманскиот комплекс Ајше Мехмет Полат е стар 24 години. Четири од неговите шест блока се урнаа додека другите згради околу него стоеја високи.
Изведувачот е упасен, но според неговиот адвокат тој не е виновен и не треба да сноси одговорност.
Шефот на организацијата што ги застапува архитектите во Турција, Ејуп Мухчу, вели дека крајната одлука со која се осигурува дека зградите се безбедни, ја носи турската влада.
„Приоритетот на централната власт не беше да ги направи градовите безбедни, туку да спроведе некои проекти кои беа исклучиво планирани за максимизирање на профитот. Поради оваа причина, 65% од сегашниот градежен фонд во Турција е ризичен. И не се спроведени никакви мерки во однос на овие ризични структури“., вели Мухчу.