Ракометарите на Вардар во новата сезона се враќаат на европската сцена и како третопласирани во националниот шампионат преку квалификациите ќе се борат за влез во фазата по групи во Европскиот лига на ЕХФ.
Задачата на поранешниот двоен европски првак ќе биде тешка со оглед на фактот дека последна пречка пред влез во следната рунда ќе биде Рајн Некар Левен.
Првиот дуел со добро познатиот ривал од минатото ќе се одигра во Скопје на 26 или 27 август, а реваншот е една недела подоцна.
И останатите наши претставници ги добија противниците во европските клупски натпреварувања.
Тиквеш кој е дел од Европскиот куп во второто квалификациско коло ќе се соочат со претставникот на Австрија, Фортоф Кремс, а првиот меч се игра на 14/15 октомври во Кавадарци.
Кај дамите првакот на Македонија, Ѓорче Петров ќе се сретне со Тиват, Чаир го очекува двобој со холандскиот претставник Венло, а Куманово за противник го има Херцегонбусе од Швајцарија.
Првите натпревари на програмата се 23 или 24 септември, а реваншите една недела подоцна и сите наши екипи во првите дуели ќе играат на домашен терен.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]