Линдзи Лохан го покажа трудничкиот стомак во костим за капење

Date:

Линдзи Лохан (36) наскоро, за првпат ќе стане мајка. Среќната вест таа ја објави уште во март, кога покрај фотографија од бебешко боди напиша дека „бебето доаѓа наскоро“.

Овој пат таа на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира во едноделен костим за капење со кој го истакнува нејзиното трудничко стомаче. Фотографијата доби милион лајкови, а нејзините следбеници испратија бројни комплименти за изгледот на актерката.

„Убава мамо.“, „Блескаш.“, „Изгледаш многу среќно.“, „Слатка си.“, беа дел од коментарите.

Инаку, Линдзи и бизнисменот Бадер се венчаа минатата година, а актерката во таа прилика изјави дека никогаш не била посреќна.

„Јас сум најсреќната жена на светот. Ме најде и знаеше дека сакам да имам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Толку сум среќна што си мојот сопруг“, напиша тогаш на Инстаграм.

Некогаш најпроблематичната актерка во Холивуд се прослави со нејзините детски улоги во филмовите на Дизни како „The Parent Trap“ и „Freaky Friday“, а по долга пауза се врати да глуми во празничниот филм „Falling for Christmas“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...