Лина Ѓорческа ексклузивно за Мактел ги покани македонците во Австралија на Австралијан Опен: заедно да ја направиме горда целата нација

Date:

Лина Ѓорческа е најдобрата македонска тенисерка и најголема тениска надеж со која се гордее секој Македонец низ цел свет. Пред нејзиното заминување за Австралија каде ќе настапи на грен слем турнирот, Австралија опен, Ѓорческа зборува за нејзините очекувања во ексклузивно интервју за Мактел.

-Новата календарска година ќе ја почнете со настап во квалификациите за првиот грен слем турнир, Австралија опен. Како течеа подготовките за овој нов спортски предизвик?

Ѓорческа:
Точно така, оваа година ја започнувам најдобро што може со учество на првиот гранд слем во годината. Подготовките се веќе во тек, тренираме напорно секој ден и на терен и надвор од теренот. Тенис, фитнес и вежби за мобилност се дел од секојдневието повеќе од четири недели, од кога ги започнавме припремите за Австралија .

– За вас ова ќе биде втор настап во квалификациите на грен слем турнирот кој се одржува во Мелбурн. Првпат настапивте во 2017 година кога бевте на чекор до пласман на главниот турнир. Што очекувате овој пат?

Ѓорческа:
Минатиот пат неколку поени го одлучија победникот на мечот, овој пат се надевам дека повторно ќе имам прилика за да се борам за влез во главниот турнир и дека овој пат ќе успеам да се изборам до крај.

-Настанот во Австралија за вас е седми настап во квалификации за грен слем турнир. Досега имавте три настапи на УС Опен и по еден на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон. Што вам лично ви значи учеството на турнирот во Австралија?

Ѓорческа:
Сон и мотив на секој тенисер и на секоја тенисерка е учество на грен слем, секако дека и мене ми претставува огромно задоволство што сум дел од најдобрите 200 тенисерки во светот. После неколку повреди конечно изборив грен слем така да овој Австралијан Опен ќе биде од посебно значење за мене .

-Квалификациите за Австралија опен почнуваат на 8. јануари, а главниот турнир стартува на 14. јануари. Кога патувате во Австралија?

Ѓорческа:
Планот е да се патува на втори Јануари за Мелбурн, за да има доволно време за адаптација на временската зона и временските услови таму.

-Каква е агендата во Австралија?

Ѓорческа: Од кога ќе се пристигне во Австралија следува како што кажав адаптација на временските услови и од првиот ден почнуваме со тренинзи во Мелнурн Парк.

-Вие сте првата македонска тенисерка која заиграла на Гренд слем, и тоа во квалификациите на Отвореното првенство на САД во 2016 година. Во 2017 година, на Отвореното првенство на Австралија 2017, запишавте две победи во првите две квалификациски кола. Во 2024 година голем нов спортски предизвик ве очекува уште во првите денови од годината. Колку е лесно или тешко да се остане на висина на задачата и да се одговори на очекувањата на публиката?

Ѓорческа:
Тенисот е многу популарен спорт низ целиот свет, има премногу играчи кои се борат за што подобар резултат и ранкинг и сите имаат подобри и посовремени услови од нас и поради тоа е голем предизвик да бидеш константно дел од најголемите турнири во светот. Јас давам се од себе поради себе, а и поради сите оние кои се искрени љубители на тенисот.

-Во Австралија ќе ве бодри и македонска публика, бидејќи македонската заедница во Австралија е многубројна и тие веќе со нетрпение ве очекуваат. Која е вашата порака до македонската публика?

Ѓорческа:
Искрено Австралија Опен ми е и омилен грен слем поради македонците кои неуморно навиваа и ме бодреа на секој меч. Со нетрпение чекам да ги видам сите повторно, веќе ми се најавија и некои од нив кои исто нестрпливо чекаат. Моја порака до сите нив е доколку се во можност да дојдат и повторно заедно да ја направиме горда целата нација.

-Какви се вашите натамошни планови за 2024 година?

Ѓорческа: Како и секоја година учество на што повеќе турнири е планот за 2024. Главната цел е учество на сите 4 гренд слам турнири и што повеќе ВТА турнири и влез најмалку во топ 150 во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

PART OF THE TRUTH ABOUT MACEDONIA IN THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” PART I (1)

Throughout history, numerous authors have served many lies and...

ОСТАНУВАЊЕТО НА ОРБАН НА ВЛАСТ Е ВО ИНТЕРЕС НА САД, КАЖА РУБИО ВО БУДИМПЕШТА

Доналд Трамп е посветен на успехот на Виктор Орбан...

Над 200 евакуирани по поплавите, ДЗС интервенира во повеќе региони

По обилните врнежи што зафатија повеќе делови од државата,...

ЕУ не ги одби камионџиите, засега нема блокади на границите се бара итно преодно решение!

Европската унија не ги отфрли барањата на камионџиите. Стратегија...