ЛИЛЈАНА МИХАЈЛОСКА И ЈОВАН ФИЛИПОСКИ СЕ ВЕНЧАА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ГАЛИЧКА СВАДБА

Date:

Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски денеска (13 јули) се венчаа во Галичник, на традиционалната Галичка свадба.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им посака на младенците среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ со мотив од мијачката носија, карактеристична за селото Галичник.

„Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција”, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.

Свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушка од куќата на зетот на 12 јули, и годинава го означија почетокот на свадбата. По венчавањето на младенците во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, продолжи одржувањето на свадбените обичаи.

Јован е потомок на галичкото семејство Филипоски и уште како дете одел низ Галичник облечен во носија. Вели дека отсекогаш сонувал дека еден ден ќе ја води свадбата и од мал активно учествувал во сите обичаи на манифестацијата,

Првата Галичка свадба се одржа во 1963. Оваа културна манифестација со децении се одржува под покровителство на претседателот на државата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Вардар и Шкендија ги дознаа можните противници за 3.коло во Конференциската лига

По елиминацијата на Вардар од Лигата на шампионите, македонскиот...

ФИФА ќе го истражи скандалот по завршување на финалето, ќе има жестоки казни за Аргентинците

Поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство тешко...

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...