Американската поп-ѕвезда Лизо (35) објави дека и е „уморна да ја исмејуваат на интернет поради нејзиниот изглед и карактер“ и додаде дека „се откажува од тоа“.

„Ми здодеа сите да ме влечат наоколу во мојот живот и на интернет. Сѐ што сакам да правам е да правам музика и да ги направам луѓето среќни и да помогнам светот да биде малку подобар отколку што беше пред мене.

Но, јас почнувам да чувствувам како светот да не ме сака таму. Постојано се спротивставувам на лагите што ги кажуваат за мене, само за да привлечат внимание… А поентата на тие шеги секогаш е мојот изглед.

Луѓето кои не ме познаваат ме влечат надолу и ме оцрнуваат. Јас не го побарав тоа и не се пријавив за таа глупост. Се откажувам“, заклучи таа.

Нејзината објава предизвика бројни реакции кај обожавателите кои сега ја молат да не се откажува.

„Лиза, не се откажувај, те сакаме“, „Ти си кралица, не сакаме да бидеме без тебе“, ѝ пишуваат обожавателите, но други познати личности како Парис Хилтон.

Да потсетиме, во 2023 година, Лизо беше обвинета за сексуално вознемирување и навреда на танчерки кои работеле со неа. Жената која својата кариера ја посвети на докажување дека стандардите за убавина не значат ништо, наводно, ги нарекувала своите танчерки – дебели.

Инаку, таа е американска музичарка, која ја започна својата кариера во хип-хоп музиката. Во 2019 година, таа постигна голем успех со објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, „Cuz I Love You“, кој се искачи на четвртото место на „Билборд 200“.

Дополнително, нејзиниот сингл „Truth Hurts“ од 2017 година стана вирален хит. Таа го достигна врвот на топ-листата „Билборд хот 100“ и стана најдолгата соло песна на женски рап изведувач. Лизо доби осум номинации за Греми награда таа година, повеќе од кој било изведувач.

Минатата година го издаде четвртиот студиски албум „Special“, а Лизо покрај рапувањето и пеењето се испроба и во глума. Таа го позајми гласот за анимираниот филм „Грди кукли“ („UglyDolls“) и се појави во криминалната драма комедијата „Хастлери“ („Hustlers“).

Во едно од нејзините интервјуа за списанието „Пипл“, американската пејачка зборуваше и за негативните аспекти на нејзината слава. Таа тогаш се осврна на сегашните стандарди за убавина и објасни низ што морала да помине поради нејзиното тело.

„Мислам дека имам многу привлечно тело. Јас сум икона со своето тело и го сакам секој ден сѐ повеќе и сѐ повеќе. Можеби немам идеална форма на телото, исто како што Ким Кардашијан не е нечиј идеал, но создадов нов стандард на убавина“, рекла Лизо и додала дека морала да помине низ многу за да биде она што е денес.