Лидерите на ЕУ се залагаат за користење на замрзнатите руски средства за помош на Украина

Date:

Литвиската премиерка Евика Силина денес на состанокот на лидерите на ЕУ во Копенхаген нагласи дека Европската Унија мора да ги користи руските средства замрзнати поради инвазијата на Украина.

„Замрзнатите руски средства треба да се искористат максимално за да ѝ се помогне на Украина“, изјави денес естонскиот премиер Кристијан Михал, иако прашањето продолжува да предизвикува несогласувања меѓу членките на ЕУ, наведува Ројтерс.

Тој оцени дека „Русија апсолутно ја тестира Европа“.

„На Украина ѝ треба повеќе, во однос на оружје, помош и пари. Треба да ги користиме замрзнатите руски средства колку што е можно повеќе за овие цели“, рече Михаил пред состанокот со лидерите на ЕУ во Копенхаген.

Минатата недела, Европската комисија предложи да се користат замрзнати руски средства за финансирање на таканаречен заем за репарации што би ги поддржал воените напори на Киев во време кога се намалува воената помош на САД.

Финскиот премиер Петери Орпо потврди дека Финска, исто така, ја поддржува предложената употреба на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина.

„Ни треба силен и одржлив долгорочен пакет за Украина преку користење на замрзнатите руски средства. Тоа е многу добра идеја и мислам дека треба да ја спроведеме“, рече Орпо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...