[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Лос Анџелес Лејкерс приреди големо изненадување. Во најголемото дерби на НБА лигата „езерџиите“ на гости славеа кај лутиот ривал Бостон Селтикс со 105-114, а успехот добива уште поголемо значење ако се знае дека не играа првите ѕвезди на тимот Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Екипата од градот на ангелите најголемиот дел од задачата ја заврши во првото полувреме кое го доби со 14 разлика, а потоа успеа да го зачува капиталот. Блескаше Остин Ривс кој постигна 32 поени со два скока и три асистенции.
Хејс, пак, имаше „дабл-дабл“ ефект со 16 поени и 10 скока, исто како и Расел, кој беше блиску до „трипл-дабл“ со 16 поени, 14 асистенции и 8 скока. Тејтум со 23, Хојцер и Порзингис со 17 поени беа најефикасни во редовите на Селтикс, моментално најдобриот тим во лигата.
Вечерта во НБА ја одбележа Тајрис Макси, асот на Филаделфија, кој постигна 51 поен во победата на неговиот тим над Јута од 127-124. Тоа е врв во кариерата за младиот ас, а Сиксерси повторно настапија без повредениот Џоел Ембиид.
Макси, кој оваа сезона за првпат ќе настапи на Ол-стар натпреварот, го следеше Тобајас Харис со 28 поени, пет скока и седум асистенции. Лаури Марканен беше најдобар кај Јута со 28 поени и 10 скока.
Њујорк Никс игра одлично и е непоразен во овој дел од сезоната. Против Индијана стигна до деветтата последователна победа (109-105). Бренсон постигна 40 поени, а половина помалку запиша Ди Виченцо. Кај Индијана најефикасен беше Смит со 20 поени.
Кливленд, предводен од Мичел, (25 поени и седум асистенции) го победи Мемфис со 108-101.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]