Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го победија шампионот Голден Стејт Вориорс на гости со 117:112 во првиот натпревар од конференциското полуфинале во Западната конференција. Блескав натпревар одигра Ентони Дејвис, кој со 30 поени и 23 скока стана првиот кошаркар на Лејкерс кој од 2004 година во натпревар од плеј-офот имал ефект од барем 30 поени и 20 скокови. Тој придодаде и пет асистенции и четири блокади.
Последен кој имал вакво остварување беше Шекил О’Нил.
Покрај Дејвис, добар настап имаше и Леброн Џејмс со 22 постигнати поени, додека кај Голден Стејт, Стеф Кари постигна 27 поени, а Клеј Томпсон уфрли два поени помалку.
Њујорк Никс славеше во вториот меч од полуфиналната серија на Истокот против Мајами хит со 111:105 и израмни на 1:1. Џејлен Брансон го водеше Њујорк до триумфот откако постигна 30 поени на овој меч.
Покрај Брансон, одлично одиграа и Џулиус Рендл со 25 поени и Ар-Џеј Берет со 24 поени.
Мајами на овој натпревар беше без првата ѕвезда Џими Батлер и тоа не можеше да го надомести.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]