Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

Date:

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се во шок по изненадувачката продажба на легендарната франшиза, и тоа по вторпат во само 14 месеци. Речиси никој не го очекуваше ова, вклучително и раководството на НБА.

По веста за продажбата се појавија бројни реакции и шпекулации.

Зошто Волтер ја продава франшизата?

Тоа е прашањето вредно 12,5 милијарди долари, а одговорот станува сè појасен.

Пари. Како и секогаш – станува збор за пари.

Во јавноста кружат бројни теории, вклучително и конспиративни приказни поврзани со Белата куќа, за тоа што го натера Марк Волтер да ја продаде франшизата само 14 месеци откако ја купи. Сепак, одговорот можеби е многу поедноставен.

Волтер е соочен со две федерални истраги, како и истрага на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), поврзани со потенцијална измама околу вредноста на осигурителните компании кои ги поседува преку „Guggenheim Partners“ и „TWG Global“. Поради тоа, му била потребна готовина во краток рок за да ги намали долговите.

Тогаш се јавил Џошуа Кушнер, а неговата компанија за ризичен капитал „Thrive“ имала доволно средства. Тие веќе разгледувале можност за добивање НБА франшиза при евентуалното проширување на лигата во Лас Вегас, а биле и меѓу главните заинтересирани инвеститори за сега пропаднатиот план на ФИФА за продажба на комерцијалните права за Светското првенство и други натпреварувања.

Затоа биле подготвени да потрошат голема сума, а договорот бил постигнат многу брзо.

Постои уште еден интересен момент. Марк Волтер би можел да заштеди околу 425 милиони долари на даноци доколку Одборот на гувернери ја одобри продажбата и трансакцијата биде завршена до ноември, според даночните пресметки објавени од „Sportico“.

Дали Леброн ќе останеше?

Леброн Џејмс си замина од Лејкерс ова лето. Дали Леброн можеби ќе останеше во Лос Анџелес доколку Лејкерс имаа поинакви сопственици?

ESPN“ го постави тоа прашање до извор близок до Џејмс.

„Можеби. Но, тешко е да се одговори. Комуникацијата може ќе беше подобра [со Ајгер и Кушнер во споредба со Волтер]. Едноставно, тоа беше поинаков однос. Но, кошаркарскиот аспект беше најважен, па можеби од таа гледна точка не би останал.“

Крис Пол би можел да добие улога

Дејвид Стерн во 2011 година го спречи трансферот на Крис Пол во Лејкерс, но дали идниот член на Куќата на славните би можел да добие улога во раководството на франшизата под новите сопственици?

Ваквата можност се споменува поради блискиот однос меѓу Пол и новиот сопственик Боб Ајгер, пишува „ESPN“.

„Повеќе извори блиски до НБА за ESPN посочија дека неодамна пензионираниот Крис Пол би можел да добие одредена улога. Пол и Ајгер станале блиски додека бекот играше за Клиперс, а Ајгер беше сопственик на сезонска карта.“

Лејкерс ова лето започна со неопходното преструктурирање на тимот околу Дончиќ, но оваа екипа според многумина не е спремна да освојува титули, особено покрај силната конкуренција.

Голем притисок нема да има само врз Дончиќ, туку и врз Вокер Кеслер и Остин Ривс, кои треба да ги оправдаат огромните нови договори.

На новите сопственици сега им останува да го направат најважното – да победуваат. Бидејќи во Лејкерс, без разлика кој е сопственик, мерилото отсекогаш било исто: шампионската титула.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...