По речиси три години, Лос Анџелес Лејкерс го победи градскиот ривал Лос Анџелес Клиперс, езерџиите славеа со 130-125 во меч во кој имаше и едно продолжение.
Лос Анџелес Клиперс 11 натпревари по ред ги победуваше Лејкерс, конечно езерџиите се израдуваа на триумф над градскиот ривал.
Лејкерс водеа со девет разлика на нешто повеќе од две минути до крајот на мечот, но Клиперс успеа да ја надополни негативата и да се избори за продолженија. Во нив сепак Лејкерс победи со 130-125.
Леброн Џејмс беше најдобар во составот на Лејкерс, постигна 35 поени, имаше 12 скокови, Дејвис и Расел реализираа по 27. Кај Клиперс, Ленард постигна 38, Пол Џорџ реализираше 35.
Далас со 114-105 го совлада Чикаго. Дончиќ постигна 18 поени, имаше и 10 асистенции. Најдобар кај Далас беше Вилијамс со 25 поени, Хардавеј постигна 24. Кај Чикаго Лавејн реализираше 22 поени.
Денвер го доживеа првиот пораз оваа сезона, загуби на гостувањето кај Минесота со 110-89. Јокиќ беше најдобар на теренот со 25 поени и 10 скокови. Во составот на Минесота Едвардс постигна 24 поени.
Резултати:
Детроит – Портланд 101-110
Торонто – Милвоки 130-111
Атланта – Вашингтон 130-121
Бостон – Индијана 155-104
Мајами – Бруклин 105-109
Њујорк – Кливленд 89-95
Оклахома – Њу Орлеанс 106-110
Хјустон – Шарлот 128-119
Минесота – Денвер 110-89
Далас – Чикаго 114-105
Јута – Мемфис 133-109
Голден стејт – Сакраменто 102-101
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 130-125