Лејди Гага: Воопшто не знаев дека сум банкротирала, должев 2,6 милиони евра

Date:

Лејди Гага откри за Фајненшл Тајмс дека е банкрот по нејзината легендарна турнеја The Monster Ball.

И покрај тоа што во тоа време имаше пет синглови број еден, пејачката рече дека „останала без пари“ по турнејата и станала свесна за тоа дури кога нејзиниот тим ја известил.

Била во екот на турнејата The Monster Ball. И покрај редовното распродажба на стадионите, Лејди Гага сепак успеала да собере неверојатна сума на долгови.

„Всушност банкротирав откако првиот пат ја продолживме турнејата The Monster Ball. И беше смешно затоа што не знаев!“ признала таа.

Таа открила дека веста ја добила од нејзиниот тим: „Се сеќавам дека им се јавив на сите и реков: „Зошто сите велат дека немам пари? Ова е смешно, имам пет синглови бр. 1“. И рекоа: „Па, должите 2,6 милиони евра“.

Магазинот „Форбс“ го процени нејзиното богатство на околу 150 милиони долари или 136 милиони евра и ја вброи меѓу 100-те најбогати жени, кои сами си го стекнале богатството.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...