Лефков: Бирото за метрологија набавило мобилна лабораторија трипати поскапа, институциите да отворат истрага

Date:

„Ќе обелодениме сомнежи како Мерита Мустафаи, директор на Бирото за метрологија, која ѝ дава акредитација на „Метролаб“, основана од шалтерски работник кај Груби за баждарење инструменти за мерење нафтени деривати и течен нафтен гас, го оштетува буџетот. Ова е договор за набавка на подвижна лабораторија склучен помеѓу Бирото за метрологија, раководено од Мустафаи и фирмата РОФА од Австрија, во вредност од 600.000 евра од 2019 година“, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нашите информации, како што додаде, првична понуда за ваква лабораторија има добиено Државниот пазарен инспекторат и понудата била од истата фирма трипати пониска од дадената на директорката на Бирото за метрологија.

„И покрај тоа што Мерита Мустафаи требало да направи истражување на пазарот и да утврди колку вреди таквата набавка, таа ја набавува опремата во 2019 година со основна намена испитување квалитет на нафтените деривати. Оваа лабораторија во пракса се покажува како нефункционална и опремата од неа подоцна се вади и се преместува во просториите на Бирото за метрологија. Мустафаи знаела дека таква мобилна лабораторија ќе биде нефункционална, но наместо за многу помалку пари да воспостави лабораторија во просториите на Бирото за метрологија и да се акредитираат за земање примероци, одлучува да ја спроведе набавката од 600.000 евра и да го купат ова комбе“, кажа Лефков.

Според него, бидејќи одржувањето на комбето станало нерентабилно со многу дефекти и можност за брзо расипување на опремата во него, Мустафаи одлучува да направи фиксна лабораторија во просториите на Бирото за метрологија и опремата да ја дислоцира во неа.

Мустафаи, наместо првично да набави лабораторија за собни услови, додава Лефков, таа троши 600.000 евра за лабораторија шѓто подоцна ќе ја растури, резултатот е само поскапо платена опрема.

„Мустафаи не застанува тука, по примерот со набавката на мобилна лабораторија за нафтени деривати, таа во 2022 набавува опрема за испитување мазут, во висина од неверојатни 416.000 евра. Само за споредба, мобилната лабораторија, комбето со 7 инструменти, чини 600.000 евра, а опремата за мазут, која се состои од 4 инструменти, е купена за 416.000 евра. Како минува времето на функција, така и се зголемуваат набавките. Па во октомври 2022 година Мустафаи набавува опрема за верификација на гасомери, која чини неверојатни 1.050.000 евра“, истакнува Лефков.

За само 3 години, според него, направени се 3 набавки во вкупна вредност од неверојатни 2.000.000 евра.

Ги повикуваме, додава тој, ДПИ и Бирото за метрологија да одговорат, дали Бирото за метрологија набавило лабораторија по трипати поскапа цена од тоа што истиот доставувач претходно му понудил на Државниот пазарен инспекторат?

„ЈО и ДКСК, како и Финансовата полиција, да отворат истраги за овие набавки, како и истрага за значително подобрената имотна и финансиска состојба на директорката Мерита Мустафаи од 2019 година па сè до денес, која се гледа преку хациендата од 150 м2 на Попова Шапка на име на нејзиниот сопруг, која не е пријавена во нејзиниот анкетен лист“, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...