Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ова лето ќе располага со најмалку 120 доброволни пожарникари кои ќе бидат подготвени за итен ангажман при пожари на отворен простор, најави директорот Стојанче Ангелов по средбата со претставници на доброволните противпожарни друштва.
Според Ангелов, договорено е секое доброволно противпожарно друштво однапред да определи број на свои членови кои ќе бидат дел од тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе можат веднаш да бидат испратени на терен кога ќе се појави пожар.
Тој појасни дека Дирекцијата воведува и нов модел на координација, со поедноставен синџир на командување, при што наместо комуникацијата да оди преку локалните подрачни единици, ќе бидат назначени координатори кои директно ќе ги организираат доброволците.
„Доколку избие голем пожар, ќе можам веднаш да контактирам со одговорното лице кое ќе ги мобилизира потребните доброволци и ќе ги испрати на местото на интервенцијата. Така ќе добиеме многу побрза реакција и поефикасна организација“, истакна Ангелов.
Директорот на ДЗС нагласи дека целта е ова лето ангажманот на Армијата и полицијата во гаснењето пожари да биде сведен на минимум, а главниот товар да го понесат обучените доброволни пожарникари.
„Најголемиот дел од нив имаат искуство од бројни интервенции и се подготвени да помогнат. Секако, доколку се појават пожари што ќе ги загрозат животите и имотот на граѓаните, ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети на државата, вклучително и Армијата и полицијата“, рече Ангелов, посочувајќи дека пожарите во околината на Солун се предупредување колку брзо ситуацијата може да излезе од контрола.
Тој се осврна и на јавните реакции околу дневниците за доброволците, појаснувајќи дека претходно мислел на членовите на тимовите за брз одговор на ДЗС, а не на сите доброволни пожарникари.
„Доброволните пожарникари во моментов не добиваат надомест од државата. Се извинувам доколку мојата претходна изјава беше погрешно разбрана. Сметам дека нивниот труд треба да биде вреднуван и во иднина тие што ќе бидат ангажирани во тимовите за брз одговор ќе добиваат дневници, чија висина ќе зависи од условите и должината на ангажманот“, рече Ангелов.