Летно тирамису со праски

Date:

Овошниот тирамису со праски е едноставен десерт кој не бара комплицирана подготовка, а добро ќе ви дојде и кога треба да го искористите свежото сезонско овошје. За разлика од класичниот тирамису, во оваа верзија нема кафе и какао. Главната улога ја играат праските, маскарпонето и слатката оавлака, додека лимонот, босилекот и малку мед му даваат свежина на целиот десерт.

Потребно:

  • 500 г маскарпоне
  • 250 мл слатка павлака
  • 80 г шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 400 г пишкоти
  • 4 зрели праски
  • Сок од еден лимон
  • 2 лажици мед
  • 12 свежи листови босилек
  • 150 мл сок од праска или портокал

Подготовка: Прво, измијте ги праските и исечете ги на тенки парчиња. Измешајте ги со мед и сок од лимон и оставете ги околу 20 минути за да го пуштат сокот. Ситно исечкајте го босилекот и додадете го во праските. За кремот, измешајте го маскарпонето со шеќер во прав и ванилата. Во посебен сад, изматете ја слатката павлака, а потоа нежно измешајте ја во маскарпонето. Натопете ги пишкотите кратко во сок од праска или портокал и наредете го првиот слој на дното од садот.  Намачкајте половина од подготвениот крем врз нив, потоа половина од праските. Повторете го процесот уште еднаш, додадете нов слој бисквити, преостанатиот крем и на крај преостанатите праски. Ставете го готовото тирамису во фрижидер најмалку четири часа. Ова ќе ги омекне пишкотите и ќе им овозможи на вкусовите да се спојат. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...