ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Третото мое лексикографско дело во коавторство со Илинка Дракулевска-Грубовиќ и Никола Јордановски е „English-Macedonian veterinarian dictionary” „Англиско-македонскиот ветеринарен речник“ (1996), издание на „Матица македонска“, Скопје, кое е објавено на 296 страници. Рецензенти на ова лексикографско дело се: д-р Цветан Мицевски, д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски.
Овој речник е прва публикација од ваков вид во Македонија, во кој се собрани околу 15.000 зборови кои се употребуваат во ветеринарската стручна и друга научна литература.
Во него се поместени термини од ветерината, сточарството, земјоделието и другите сродни науки, со акцент на анатомијата, физиологијата на домашните животни, зашти-тата, одгледувањето, производството, преработката на сточните производи, репродукцијата и исхраната на добитокот, преработката на млекото, месото и други производи, како и термини од механизацијата во ветерината, земјоделието и сточарството.
Исто така, во речникот се собрани и термини од паразитологијата, ентомологијата, фитопатологијата, пчеларството, ловот и риболовот. Затоа, со право се вели дека тој е првиот речник во македонската двојазична лексикографија, во којашто се обработени научни и стручни зборови и термини од областа на ветеринарните и други науки.
Во најново време ветерината особено стана прифатлива гранка на знаења. Образованите луѓе и обичните граѓани започнаа да и’ посветуваат посебно внимание од причини што таа е една од основните гранки за опстанок на светот.
Притоа, научните и стручни работници и студентите на Ветеринарниот, Земјоделскиот и на сродните факултети и институти и други асоцијации и поединци кои се служат со англискиот јазик во нивната научно – стручна и наставна работа.
Исто така, се’ поголема е соработката на Република Македонија со земјите во светот, а тоа бара да се изготвуваат разни анализи, планови и програми, документи, како и да се врши кореспонденција и да се употребува обемна стручна и научна литература на англиски јазик.

Промоција и објави:
На промоцијата на Речникот во Клубот на новинарите на 12 јуни 2021 година, рецензентите во, д-р Михајло Зориќ и д-р Зозе Мургоски, истакнаа дека оваа значајна публикација, е резултат на долгогодишна практика во преведувачката, научно-стручната и публицистичката дејност, која авторите ја остваруваат во земјата и странство. Со посебна начласка на мојата лексикографска дејност во последните десеттина години.
Она што е значајно, е фактот дека овој Англиско-македонски ветеринарен речник, во издание на реномираниот издавач „Матица македонска“, е единствен во македонската ветеринарна лексикографија, очекуван од многу стручни и научни институции и поединци во Република Македонија.
Речникот „Англиско-македонски ветеринарен речник“,во мое коавторство со професорите м-р Илинка Дракулевска – Грубовиќ и д-р Никола Јордановски претставува значаен придонес во областа на ветерината, третирајки зборови, изрази и термини кои се употребуваат во англискиот јазик, да бидат достапни на македонски јазик.
Речникот е подготвен се’ со цел да пополни празнина во областа на ветеринарната терминологија и да им помога на студентите и на научните работници кои користат англиски јазик во оваа област и други природни науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазично помагало.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН



