Легендарната гитара на Ерик Клептон оди на аукција: Почетната цена е од 300.000 до 400.000 фунти

Date:

Легендарната гитара на која свирел Ерик Клептон додека ја компонирал неговата позната балада „Wonderful Tonight“ следниот месец ќе биде понудена на аукција во Лондон.

Во соопштението на аукциската куќа се наведува дека гитарата ќе биде понудена со карактеристичното оштетување од цигарите кои Клептон ги ставал меѓу жиците на вратот на гитарата, пренесува „Ројтерс“.

Овој легендарен британски гитарист ја купил гитарата во средината на 1970-тите, објави аукциската куќа „Бохамс“.

„Тој ја искористил таа гитара за да компонира неколку песни, вклучувајќи го и хитот од 1977 година за моделот Пети Бојд. Според приказната, Клептон ја напишал песната ‘Wonderful Tonight’ додека ја чекал Пети Бојд да се подготви за забава”, соопшти аукциската куќа „Бонамс“.

Акустичната гитара „Martin 000-28“ од 1974 година има и налепница на страната на која пишува „Таа е вљубена во човек за родео“ (She’s in Love with a Rodeo Man), алудирајќи на хитот на кантри-музичката ѕвезда Дон Вилијамс.

Клептон ја продаде гитарата на хуманитарна аукција во 1999 година, а на 12 јуни повторно ќе биде понудена на аукцијата „Рок, поп и филм“ во Лондон, со првична проценка од 300.000 до 400.000 фунти (349 на 465 илјади евра).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

MACEDONIAN EMIGRANT MEDIA BEFORE WORLD WAR II (15)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

Шон Пен не дојде да го земе третиот Оскар

 Шон Пен не се појави на доделувањето на Оскарите...

„Форбс“ ги избра најплатените актери и актери: Кој и колку заработи во 2025 година

Холивуд веќе некое време се прашува дали филмските ѕвезди ја...