Самите измени на Кривичниот законик со европско знаменце, што е неповрзано со европското право, не беа одобрени од нас. Спинување е тоа што се зборува оти опозицијата молкум ги прифатила овие измени, но кворум веќе имаше, а имаа и мнозинство, вели Миле Левков, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
– Излезе дека борбата против криминалот во Македонија е борба против неистомислениците и политички пазар со оглед на тоа дека оваа власт имаше долго време да спроведе истраги, вели Левков.
Според него, а во контекст на средбата на Јанкуловска со Мицкоски минатата недела, нејзиниот условен отпуст од затвор не е политички дил.
– Со измените на Кривичниот законик двојно се скрати времето за застарување на кривичните дела, па со тоа власта не само што го краде буџетот го краде и времето. Го имаме сега случајот со Онкологија кога се злоупотребувало се што се можело, а станува збор за милионски набавки, сега и тоа дело може да застари, вели Левков.
Левков вели дека над 24 милијарди 600 милиони евра подоцна, од кои 400 милиони евра се злоупотреби во Онкологија, се менува Кривичниот законик.
– Во Македонија не станува збор за уставни измени. Прв го лиферуваше тоа оној што се нарекува прв вицепремиер. Ние рековме да се стават тие уставни измени на гласање но тоа не се случи. Значи приоритет не се уставните измени туку да се купи ден повеќе на власт, вели Левков додавајќи дека нема поделба ни судир во ВМРО-ДПМНЕ и дека постапуваат согласно ставот на 80 отсто од граѓаните кои се против уставни измени.
Левков вели дека преговарачките рамки можат да се менуваат како што се промени и преговарачката рамка за Србија.
– Во Унијата веќе се дискутира за гласање со квалификувано мнозинство што ако се спроведе Бугарија нема да може да не блокира. Ние мора да влеземе во ЕУ како Македонци и треба да бидеме посплотени во преговарањето, вели Левков и нагласува дека можна е промена на Устав но само ако тоа е последно барање и само пред самиот чин на влегување во ЕУ.
Левков за ТВ 24: Преговарачките рамки се менуваат, ние во ЕУ треба да влеземе како Македонци
Date: