Левица со Предлог-закон за патни трошоци за работниците

Date:

Прес-конференција на портпаролот и пратеник во Собранието на Република Македонија од Левица, Амар Мециновиќ, по повод поднесениот Предлог-закон за враќање на патните трошоци за работниците откако пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ и ДУИ одбија да си ги скратат енормните патни трошоци:

Левица во Собранието предлага враќање на патните трошоци за работниците. Имено, со измени во Законот за работните односи, Левица предлага да се врати ова право на работниците кое наместо да биде во нивните раце е оставено на волјата на работодавците.

Со години гледаме како пратениците на ова Собрание си наплаќаат патни трошоци за фиктивни релации, за патарини и амортизација на нивните возила. Додека тие ги полнат џебовите со народни пари, илјадници државјани низ државата сами ги покриваат своите трошоци за да стигнат на работа и да обезбедат леб за своите семејства. Практично, ако има за пратениците, ќе има и за работниците.

Ние нудиме измени во членот 113 од Законот за работни односи и велиме: Доколку превоз до и од работното место не е организирано од страна на работодавачот, работникот има право на надомест на трошоци по истата формула која е понудивме за пратениците. 6,5 литри реална цена на гориво за секој изминати 100 километри.

Ова е мерка за подобрување на животниот стандард на граѓаните во услови кога Владата се иззема од трипартидниот дијалог и кога одбива да ги зголеми платите на граѓаните за време на ценовни шокови.

Во суштина, ова не е прашање на привилегии, ова е прашање на праведност помеѓу привилегираните и работниците на чиј товар паѓа целата економска активност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...