Левица: Секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија

Date:

Лаекенските индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9 проценти од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, а најпогодени се самохраните родители и децата, реагираат од Левица. Оттаму оценуваат дека овие податоци претставуваат јасен показател за неуспехот на економските политики во државата.

Според партијата, кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а сиромаштијата кај семејствата со три и повеќе деца достигнува 55 проценти, станува збор за длабока структурна нееднаквост, а не за изолирани социјални проблеми.

Од Левица посочуваат дека особено загрижува фактот што без пензии и социјални трансфери стапката на сиромаштија би достигнала 39,4 проценти. Според нив, тоа покажува дека пазарот на труд и економскиот модел не создаваат инклузивен раст, туку државата преку социјални механизми само ги ублажува последиците.

Во соопштението се наведува дека високата сиромаштија кај невработените, самохраните родители и децата укажува на недостаток на таргетирани политики за заштита на ранливите категории. Наместо долгорочни инвестиции во квалитетно вработување, образование и социјална инфраструктура, според партијата, се спроведуваат краткорочни мерки со ограничен ефект.

Левица оценува дека податокот оти речиси секое трето дете живее во сиромаштија претставува ризик за идниот човечки капитал, продуктивноста и економскиот развој на државата. Оттаму сметаат дека не е доволно да се говори за инвестиции и економски раст доколку значителен дел од населението останува исклучен од придобивките на економијата.

Партијата апелира за сеопфатен социјално-економски пристап што ќе овозможи поправедна распределба на доходот, зајакнување на куповната моќ и подобрување на животниот стандард. Како мерки ги посочуваат прогресивното оданочување, растот на продуктивни и одржливи плати, поддршката за семејствата и ранливите категории, активните мерки за вработување и развојот на посилна јавна социјална инфраструктура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...