Последните направени анализи покажуваат дека секое четвртто семејство во Македонија е сиромашно!

Зголемената инфлација не само што ги зголеми трошоци за живот и ги остави граѓаните со празни новчаници, туку ги тера да живеат крпен живот, од денес за утре, каде спасот почнаа да го бараат преку протести.

Најголем проблем е храната, која за две години поскапе околу 40 проценти, но министерот за економија уверува дека се е под контрола и дека цените ЌЕ се намалуваат во идниот период.

Популистичките мерки што Владата ги предложи не дадоа никаков резултат.

На 06.10.2023 година стапи на сила Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (Службен весник на РМ број 203/2023), ова значи поголема група на производи (храна), се оданочува со 10% ДДВ.

Стотици прехрамбени производи кои Владата ги смета за ” луксузни” , а всушност се основна храна на народот поскапеа, со што потрошувачката кошничка уште повеќе се намали.

Статистиките покажуваат дека едно четиричлено македонско семејство, со две минимални плати, преживува со помалку од 700 денари дневно, што реално е доволно само за еден оброк на ден!!

Најмногу револтира фактот што власта доби зголемување на платите, а народот доби зголемување цените.

Економскиот и социјален јаз помеѓу власта и народот никогаш не бил поголем!

Потребни се сериозни мерки за сузбивање на сиромаштијата, а првата и основна е падот на оваа ненародна Влада!, велат од Левица.