Левица: Два извештаи ја прогласија водата во Гостивар за безбедна, а потоа следуваше масовно заболување

Date:

Два извештаи со кои водата во Гостивар беше оценета како безбедна, иако според подоцнежната истрага загадената вода веќе влегувала во водоснабдителниот систем, отвораат сериозни прашања за одговорноста на здравствените институции, велат од Левица.

Оттаму посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење дека водата „одговара на законските и стручните прописи“, а на 13 јули следувало уште едно уверување дека водата е безбедна. Само еден ден подоцна, според Левица, започнал масовниот прилив на пациенти со дијареја, повраќање, температура и истоштеност.

„До денес никој од здравствениот синџир, што требало да биде последната брана пред катастрофата, не понесе и нема најава дека ќе понесе соодветна одговорност“, велат од партијата, барајќи да се утврди кој ја земал мострата, од која точка и во кој момент, како била транспортирана, кои параметри биле испитани и кој ги верификувал резултатите.

Од Левица велат дека одговорноста не може да се запре само на Центарот за јавно здравје Тетово, туку мора да се испита целиот синџир на стручна контрола, вклучително и Институтот за јавно здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според партијата, Институтот за јавно здравје има законска обврска да ја координира стручната работа на центрите за јавно здравје, додека министерот за здравство го именува и разрешува директорот на ЦЈЗ Тетово.

„Откако испливаа двата скандалозни извештаи од 29 јуни и 13 јули, прашањето повеќе не е што знаел Клековски, туку што презел“, велат од Левица.

Од партијата бараат лична одговорност од сите кои учествувале во изготвувањето, одобрувањето и надзорот на извештаите, итни постапки за раководните лица во институциите што потфрлиле, како и одговор од Обвинителството за тоа што е преземено во однос на спорните извештаи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...