Левица: Бугарската медиумска пропаганда засилено пенетрира во Македонија

Date:

Левица во континуитет стручно елаборира за последиците кои ќе се случат со внесувањето на Бугарите во Преамбулата. Тоа поаѓа од македонскиот устав, кој е етнички (а не граѓански устав) и предвидува низа обврски, кои се во опсег од право на образование на својот јазик и писмо, преку основање на национални установи за унапредувањето на културата и финансирање на проекти од културата, па се до право на програма на Македонската Радио Телевизија и отворање на медиуми на бугарски јазик, велат од Левица.

Од партијата нагласуваат дека во меѓувреме, бугарската фондација „Македонија“, предводена од докажаниот анти-македонист Виктор Стојанов, нуди бесплатно емитување на бугарски телевизиски канали во македонскиот етер и ги повикува сите заинтересирани да се пријават за доделување уреди за нивните смарт телевизори и таблети за да можат да ги следат бугарските канали.

„Ова е продолжување на кампањата на Бугарија за медиумско присуство во Македонија и отворање на нови онлајн медиуми, а оваа таканаречена фондација е позната и по тоа што делеше примероци на „Голяма българска читанка“ на Кузман Шапкарев во населбата Аеродром во Скопје. Потсетуваме дека македонската телевизија во Бугарија и натаму е забранета! Ваквото „влегување“ на бугарски телевизии, пренесување програми синхронизирани на бугарски јазик од домашните оператори, го оценуваме како класичен обид за пенетрирање на бугарската пропаганда во Македонија. Во меѓувреме, бројот на лажни профили и бугарски фејсбук страници кои објавуваат бугарски пропаганден материја е драстично зголемен. Истото се однесува и на промената на историските статии на Википедија од страна на бугарската асимилаторска политика, но и на разните google сервиси кои најпрвин ви даваат опција на бугарски јазик. Сето ова се користи како кампања за негирање на македонската нација и нејзината посебност, како и ревидирање на историјата по теркот на врховистичката пропаганда. Затоа Левица во континуитет повикува дека потребен е итен прекин на преговорите со Бугарија, наместо замајување на јавноста дека може да се преговара под подобри услови. Оваа теза која ја застапува ДПМНЕ е крајно погубна и штетна за националните интереси, затоа што било каков исход со официјална Софија ќе биде пораз за Македонците. Не може и не смее да се преговара со оние кои беа поразени во Втората светска војна – како дел од фашистичкото зло“, се вели во партиското соопштение.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Брза штрудла со јаболка

Штрудлата од јаболка е класичен десерт кој мириса на...

Австралиска авторка осудена за роман за сексуална злоупотреба на деца

Австралиска авторка е осудена за создавање материјал за сексуална...

Трендафилов: Мене можете да ме следите, но за снимањето на децата, барам кривичен прогон

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов се пожали...

Бубевски ги отфрла како клевети наводите на адвокатката Кадриу – бара да му се извини инаку ќе поднесе тужба

Јавниот обвинител и доскорешен шеф на Основното јавно обвинителство...